„Калчомеркато“: Агентот на Ловрен имал состанок со управа на италијански гигант

Италијанските медиуми постојано пишуваат за иднината на Дејан Ловрен, кој би можел да се пресели во Милан, а денеска пристигна нова потврда.

„Калчомеркато“ пишува дека агентот на фудбалерот на Ливерпул, Владо Лемиќ утрово имал состанок со претставниците на италијанскиот гигант.

Сепак, постои еден проблем, а тоа е платата на Ловрен, која во моментов изнесува пет милиони евра, додека „росонерите“ се подготвени да му дадат само три милиони.

Неодамна се шпекулираше и дека Милан испратил понуда од 15 милиони евра на „Енфилд“, но таа била одбиена затоа што англискиот гигант сакал најмалку 20 милиони евра.