Јувентус и Челси се договориле – прашање на момент е кога Сари ќе ја преземе „старата дама“

Доаѓањето на Маурицио Сари на клупата на Јувентус е само прашање на момент, објавија англиските медиуми, откако лондонски Челси и „старата дама“ се договориле за трансферот на тренерот кој на „Стемфорд Бриџ“ сезонава го донесе трофејот од Лига Европа.

Сари после една година во Лондон си заминува и го остава местото на легендарниот Френк Лампард, за кого во минатата недела беше објавено дека е на чекор да се врати во Западен Лондон и во својот матичен клуб да ја продолжи тренерската кариера, откако не успеа Дерби каунти да го однесе во Премиерлигата.

Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи веќе неколку денови е во Лондон, а меѓу другото и да ја заврши работата за тренерот Сари, кој е поранешен кормилар на Наполи. Според некои најави седум милиони евра ќе заработува Сари во Торино, но сега е нејасно дали ќе има некаква отштета за Челси, сооглед дека италијанскиот тренер имаше уште две години од тригодишниот договор со клубот.

Италијански медиуми претходно најавуваа дека 15 милиони евра Челси ќе добие како отштета./