Јувентус цело лето преговараше за Теодибо, Вест Хем преку ноќ им го украде!
Јувентус долго време преговараше со Ница за Тодибо. Тие ги договорија личните услови со фудбалерот, но се обидуваа да ја намалат цената, па се ценкаа со францускиот клуб цело лето.
Вест Хем ја искористи бавноста на Јувентус, веднаш ја понуди бараната сума од 40 милиони евра плус процент од следната продажба. Фудбалерот се сложи за преселба таму и трансферот ќе биде реализиран.