Јовиќ и идната сезона во црвено-црно

Новиот тренер на Милан, Пауло Фонсека не планира да прави големи промени во тимот, а прва назнака за тоа е продолжувањето на сорабвотката со српскиот репрезентативец Лука Јовиќ.

И покрај понудите од Русија и Саудиска Арабија, напаѓачот ќе остане на Сан Сиро и ќе се обиде да се избори за стандардно место во тимот на „росонерите“. Милан лани го откупи Јовиќ од Фиорентина и со него потпиша договор на една сезона кој сега ќе биде продолжен, но уште не се знае на колкав период.

Со оглед на тоа што од екипата си заминува Оливие Жиру, најверојатно конкуренција или партнер во нападот ќе му биде Јозуа Зирзе од Болоња.