Историска промена: Англичаните ќе укинат правило кое ќе ги задоволи сите екипи!

Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА) соопшти дека од следната сезона ќе има промени во ФА-купот, односно нема да се играат повторени натпревари.

Во актуелниот формат на натпреварувањето нема повторени дуели од петтото коло, па сè до крајот, но ФА реши дека тоа ќе се практикува од првото коло од следната сезона.

Во првото коло на ФА-купот играат тимови од Лига 1 и Лига 2, додека тимовите од Чемпионшип и Премиерлигата се приклучуваат од третото коло.

Сите натпревари од Купот се играат за викенд, меѓу кои и петтото коло кое во последните пет сезони се играше на средина на неделата.

Финалето од натпреварувањето е резервирано за претпоследниот викенд во сезоната во Премиерлигата, а ќе се игра во сабота.