Инсиње: Поим немав кој е Елмас, а сега тој експресно ме – импресионира!

Италијанскиот репрезентативец Лоренцо Инсиње, лидерот на италијанскиот вицепрвак Наполи не штедеше комплименти за македонскиот бисер Елиф Елмас после два месеци откако младиот фудбалер за врска за 16 милиони евра плус бонуси дојде во Фенербахче и ги воодушеви сите со своите досегашни настапи на Апенините.

Италијанските медиуми не штедеа пофалби за Елмас после неговото деби како стартер пред наполитанската поублика, а пофалби доаѓаат и од тренерот Карло Анчелоти, соиграчите... Инсиње вели дека немал поим кој е Елиф Елмас, ама експресно сфатил дека е фантастичен.

„За Елмас јас немав поим ни кој е, ни што е. Не знаев ама баш ништо. И кога го видов експресно ме импресионираше. Толку млад, а веќе игра зрело и има толку многу квалитети, што е фантастично“, вели Инсиње.

Елмас утре се очекува да дебитира во Лигата на шампионите и тоа во пресметката против актуелниот европски првак Ливерпул, кој гостува во Неапол.