И мало дете би погодило: Обамејанг промаши празен гол од – еден метар (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал одиграа без голови по првото полувреме од вечерашната пресметка на домашен терен против Њукасл, резултат кој можеше да биде променет по 15 минути од играта, кога Обамејанг промаши шанса кога би било реализирана и од – мало дете.

Сака шутна од десно, голманот на Њукасл кратко ја одби топката, која стигна до Обамејанг на втората статива. Габонецот пред себе имаше празен гол и шутна од прва, но тоа го направи лошо и топката се одби од пречката и се врати во поле.

Напаѓачот на Арсенал, сепак, се исправи по пет минути од второто полувреме, кога во 50. минута погоди за водство на „топчиите“.