Хет-трик на Меси со асистенции - ПСЖ во финишот го скрши Сент Етјен (ВИДЕО)

Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси со две асистенции од бкупно трите во завршпните 11 минути од гостувањето кај Сент Етјен, му донесе победа на Пари Сен Жермен од 3-1 за 13-та победа во 15-то коло во француската Лига 1.

Ако од Меси сите очекуваат голови, неговиот ефект на теренот не е само во погодоците, туку и во асистенциите, а откако е дојден во Париз денеска го одигра најдобриот меч досега, па запиша хет-трик на асистенции, по кои дефанзивецот Маркињос даде два гола, а Анхел Ди Марија еден за победата против великанот кој е последен на табелата со 12 бода.

Сѐ одеше како од соништа за Сент Етјен до финишот од полувремето, зашто Буанга даде гол за водство во 25-та минута, имаа контрола на мечот и потоа Кложјечак направи црвен картон во 45-та, а во судиското надополнување ПСЖ израмни. Меси асистираше, Маркињос погоди за израмнување.

Но, иако со бројчана надмоќ, ПСЖ се мачеше за да дојде до втор гол, па дури на 11 минути пред крајот Ди Марија го скрши Сент Етјен со гол по втората асистенција на Меси, а во 91-та минута аргентинскиот виртуоз уште еднаш асистираше за Маркињос да даде и втор гол и да ја завери победата.

ПСЖ сега има 40 бода, 14 повеќе од втората Ница по 15 кола, а Сент Етјен е последен со 12, колку што има и претпоследниот Мец.