Хаос во тимот на Пандев: Половина Џенова е позитивна на Ковид-19!
Матија Перин беше првиот заразен со коронавирус во таборот на овој италијански прволигаш, а потоа по негови стапки „тргна“ и Ласе Шоне, кои го пропуштија гостувањето во Неапол.
„По денешното тестирање, бројот на позитивни на Ковид-19 во нашиот тим скокна на 14 членови на играчкиот и тренерскиот тим. Активирани се сите процедури и информирани надлежните органи. Клубот навреме ќе ја информира јавноста за сите промени“, се вели во соопштението од Џенова.
Покрај Пандев и соиграчите, во ризик за зараза се и фудбалерите на Наполи, меѓу кои и нашиот Елиф Елмас, поради контактите кои ги имаа со фудбалерите на Џенова во вчерашната пресметка.