
Хаос во Барселона: Флик и Лапорта се скараа поради Нејмар!
Првиот човек на Барселона наводно сакал да го врати Нејмар во редовите на каталонскиот гигант, меѓутоа Флик му кажал дека не му е потребен таков фудбалер во неговиот состав.
Флик се сомнева во квалитетите на Нејмар, но и тоа што бразилскиот фудбалер често е повреден, како што можеше да се забележи и додека го носеше дресот на Ал-Хилал.
Нејмар претходно играше за Барселона пред да замине во ПСЖ за рекорден трансфер од 222 милиони евра.