Халанд доби награда за фудбалер на месецот, иако одигра само 61 минута

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд беше прогласен за најдобар фудбалер во јануари во Бундеслигата, откако постигна пет голови и тоа за само 61 минута помината на теренот.

Халанд одигра 35 минути против Аугсбург и постигна хет-трик, по што во следниот меч на 24 јануари против Келн даде два гола за само 26 минути поминати на теренот.

Напаѓачот вкупно сезонава одигра 28 меча за Дортмунд и Салцбург, а притоа постигна 37 голови и осум асистенции.