Гвардиола: Салах не ја заслужи наградата, но другите не мислат така

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола мисли дека Мохамед Салах од Ливерпул не требало да ја освои наградата за најдобар фудбалер во Премиерлигата за сезоната 2017/18.

Одличниот Египќанецот индивидуално беше најдобар сезоната, со 31 гол е прв стрелец во лигата, а во трка за најдобар играч го победи Кевин де Брајне од Манчестер сити.

„Би сакал Де Брајне да ја освои наградата. Тој летово ќе седи дома како шампион на Англија и ако ги анализираме сите десет месеци, нема подобар играч од него. Можеби има некои, според бројките, кои се подобри од него, но во цела сезона не беше подобар ниту Салах. Тоа е мој став, но очигледно другите фудбалери мислат поинаку“, вели Гвардиола.