Гвардиола останува на „Итихад“ и има план од кој треба да се плашат противниците

Пеп Гвардиола соопштил дека останува во Манчестер сити до крајот на неговиот договор, иако се шпекулираше дека може да замине по крајот на ова сезона.

Гвардиола најавил дека ќе остане, а притоа има план и за реконструкција на екипата. Најпрво во тимот од „Итихад“ се очекува да пристигне Маркињос од ПСЖ, како и левиот бек на Лестер, Бен Чилвел.

Веднаш по засилување на одбраната, Гвардиола сака засилувања во средниот ред и нападот, а како најголеми желби се споменуваат Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд и Лаутаро Мартинез од Интер.