Грилиш бесен на судијата: Не знам од кога се појавило тоа правило

Фудбалерот на Евертон Џек Грилиш го обвини судијата Дарен Ингланд дека имал влијание во поразот на неговиот тим од Ливерпул со 2-1.

Грилиш заработи жолт картон по последниот свиреж на судијата поради реакциите откако претходно Кирнан Дузбери-Хол заработи жолт картон за пребзо изведен слободен удар.

„Не знам од кога се појавило тоа правило. Не сум го видел никогаш претходно во Премиер лигата“, изјави Грилиш.

Поради жолтиот картон ќе го пропушти натпеварот кој следи против Вест хем.

„Бев фрустриран. Понекогаш сакате да оставите погруба игра и тоа го разбирам, но не може ние нешто да не добиеме и потоа две секунди подоцна еден од нивните дефанзивци да падне откако наш фудбалер го допира по грбот и за тоа добива слободен удар“, заврши Грилиш.

Фото: Everton FC