„Граѓаните“ се плашат дека пак ќе бидат нападнати од навивачите во Ливерпул

Во Манчестер сити владее страв дека нивното гостување во Ливерпул нема да помине во најдобар ред, зашто нивниот автобус беше нападнат претходниот пат и тоа ептен го налути тренерот Пеп Гвардиола.

Полицијата ќе го промени патот по кој ќе се движи автобусот, па се надеваат дека „Граѓаните“ ќе добијат дочек каков што заслужуваат.

Минатиот пат полицијата реагираше многу лошо, па го откри патувањето на автобусот и затоа се случија инцидентите.

Во моментов, Ливерпул има шест бода предност пред „граѓаните“, па доколку слават на „Енфилд“, тогаш дефинитивно ќе бидат на чекор до титула во Премиерлигата.