Гнасни скандирања пред „Метрополитано“: Винисиус ти си мајмун! (ВИДЕО)

Навивачите на Атлетико Мадрид пред почетокот на големото градско дерби против Реал Мадрид ја згрозија шпанската, но и пошироката јавност. 

Пред стадионот „Ванда Метрополитано“ илјадници фанови на „атлети“ скандираа расистички навреди за Винисиус Жуниор. 

„Ти си мајмун, Винисиус ти си мајмун“, извикуваа навивачите на Атлетико. 

Младиот Бразилец беше цел на расистички напад, кога во живо на една од најпопуларните фудбалски емисии во Шпанија, директорот на синдикатот на фудбалски агенти неговата прослава на голови ја нарече, „мајмун што танцува“.

Многу бразилски фудбалери му изразија подршка на Винисиус, кој и самиот се огласи на социјалните мрежи и најави дека никогаш нема да престане да танцува, кога ќе постигне гол.

Ќе биде жестоко на трибините вечерва на „Метрополитано“, ако токму тој погоди за Реал Мадрид.