
Ѓоќереш сака да остави белег во Арсенал – го избра бројот на легендарниот Анри!
Тој првично имал желба да ја добие деветката, но откако Габриел Жезус одбил да се откаже од неа, изборот паднал на симболичната „четиринаесетка“. Тоа е број кој порано го носеа некои од најистакнатите голгетери на Арсенал, пред се Тјери Анри, но и Тео Волкот и Пјер-Емерик Обамејанг.
Фановите на „топчиите“ веќе го доживуваат изборот на бројот како симболична најава за големи очекувања од новиот напаѓач. Ѓокереш доаѓа по импресивна сезона со Спортинг Лисабон, во која постигна 49 голови на сите натпревари и се наметна како еден од најефикасните напаѓачи во Европа.