Газиантеп го бркаше Јаховиќ, а тој се договори со Анталијаспор

Турските медиумите пред неколку дена објавија дека Газиантеп сака да го купи поранешниот македонски репрезентативец Адис Јаховиќ од Јени Малатијаспор, па пристигна потврда и од првиот човек на клубот, но сепак напаѓачот на крајот ќе заврши во Анталијаспор.

Според најновите информации на турските медиуми, Јаховиќ се договорил со Анталијаспор, па трансферот се очекува да биде потврден наскоро.

Јаховиќ игра одлично сезонава, па досега постигна 14 голови и една асистенција во 23 натпревари.