Фудбалер на Бетис завршил во индуцирана кома - настрадал во семеен инцидент!

Талентираниот шпански фудбалер, Феликс Гарета (20), е ставен во индуцирана кома по тешките повреди на главата, откако фудбалерот на Бетис, кој игра како позајмен во второлигашот за Аморебиета, бил повреден во - семеен инцидент.

Тој, наводно, се повредил кога паднал на земја, откако почувствувал ненадејна вртоглавица додека бил во село во близина на Барселона, од каде што потекнува неговото семејство. Гарета веднаш префрлен во болница каде што лекарите на интензивна нега ја опишале неговата состојба како - неизвесна.

Соиграчите за ситуацијата биле информирани во четвртокот, а наскоро се очекуваат нови вести.