Фудбал во ек на корона: Вака ли се одржува дистанца при корнер? (ФОТО)

Откако избувна пандемијата со коронавирус низ светот и прекина сè во изминативе два ипол месеци, фудбалот полека се рестартираше, а германската Бундеслига беше прва што го направи тоа, но под многу засилени мерки и протоколи.

Во сите национални протоколи, а и тие што ги објавува УЕФА и ФИФА постојано се потенцира да се одржи дистанца како една од трите главни мерки во превенцијата за заштита од Ковид-19 покрај задолжителното и зачестено одржување на хигиена и миење раце и носењето маска. Ама, во фудбалот со маска не се игра, а и тешко да се одржи дистанца. Една фотографија од денешниот меч на Баерн со Фортуна Диселдорф ја покажа нелогичноста во мерките за одржување дистанца. Како воопшто е можно такво нешто кога ќе се изведе корнер? Ама за чудо, пак, при овој корнер и близината на фудбалерите не е толку блиска како во безброј други ситуации, кога се чуваат и си прават блокови во воиграни акции при центаршутеви од аголот.