ФА ќе го казни Салах – му „виси“ наградата за најдобар стрелец!? (ВИДЕО)

Англиските медуми пишуваат дека Ливерпул во последните два натпревари во Премиерлигата ќе игра без својот најдобар фудбалер, Мохамед Салах.

Судијата Маринер не го казни Салах, кога се обиде да удри со бокс фудбалер на Стоук во натпреварот кој се играше на „Енфилд“, па поради тоа би можел да добие казна од три натпревари.

Дисциплинската комисија на ФА ја разгледува целата ситуација и доколку донесе таква одлука, Салах нема да има право на настап на последните два натпревари во првенството, против Челси на „Стемфорд бриџ“ и против Брајтон на „Енфилд“.

Тоа би можело да направи проблеми во борбата за место меѓу најдобрите четири екипи, а тоа би ги зголемило шансите на Хари Кејн да го стигне во трката за најдобар стрелец во лигата.