
Емери конечно одлучи кој да ги изведува пеналите во ПСЖ
На дуелот против Лион, Единсон Кавани ја местеше топката за да го изведе пеналот, но тука се најде Нејмар кој сакаше да шутира наместо него.
Уругваецот не му дозволи и потоа настана хаос, Нејмар престана да го следи на Инстаграм, а се споменува дека ургира и за заминување на напаѓачот.
Многумина сметаат дека нивната расправија е всушност вина на Унаи Емери, тренерот на овој тим, кој дури сега нареди:
„Прв изведувач на пенали е Кавни, втор Нејмар“, изјави Унаи Емери.