Елмас подобар од Пандев: Наполи запиша важна победа и ја турна Џенова во опасната зона (ВИДЕО)

Екипата на Наполи дојде до важна победа во борбата за Лига Европа, откако славеше на гостувањето кај Џенова со 1-2.

Ова воедно беше и дуел на двајцата македонски репрезентативци, Горан Пандев и Елиф Елмас, кој на крајот му припадна на помладиот. Елмас во првото полувреме се запиша и во листата на стрелците, но за жал, неговиот гол беше поништен по прегледувањето на ВАР-технологијата, која покажа претходно играње со рака на Манолас.

Наполи поведе со голот на Дрис Мертенс во 45. минута, а на стартот од вториот дел Џенова израмни преку Гонданига. Сепак, победничкиот гол за гостите го постигна Лозано во 66. минута. Инаку, Елмас излезе од игра во 82. минута, додека Пандев влезе во 71. минута.

 

Со оваа победа наполитанците имаат 51 бод и се наоѓаат на 5. место на табелата, со два бода повеќе од Милан, а осум помалку од Аталанта.

Фиорентина, пак, ремизираше против Калјари со 0-0.