Навивачите на Марсеј потрошиле 200 часа за да направат кореографија за дербито со Лион

Едно од најголемите дербија во францускиот фудбал ќе се одигра во недела, кога на стадионот „Веледором“ силите ќе ги одмерат екипите на Марсеј и Лион.

Сите подгрупи на навивачите на Марсеј се собраа да направат џиновска кореографија за оваа средба во чест на поранешниот шампион во Европа кој ќе го прослави својот 120. роденден.

Трошоците за нејзина изработка беа финансирани од клубот, кореографијата ќе трае пет минути, а навивачите макотрпно на неа работеа околу 200 часа, откриваат координаторите на проектот, кои не сакаа да дадат повеќе детали.

Единствено што е познато е дека кореографијата ќе биде во 3Д ефект и сигурно ќе биде поимпресивна од онаа што ја направија навивачите на Марсеј на дуелот против ПСЖ во 2015 година.

Кореографијата ќе се изведува на сите четири трибини на стадионот „Веледром“, кој има капацитет од 67.334 седишта и нема дилема дека ќе биде спектакуларно.

Натпреварот Марсеј - Лион се игра во недела со почеток во 21 часот.