Еден спонзор посебно го „пцуе“ Салах: Сезонава гигантот останал покус за – 111 милиони евра!?

Египетската ѕвезда Мохамед Салах сезонава е вистински хит во светскиот фудбал, прв кој успеал по цела една деценија да ги фрли во сенка двете најголеми фудбалски ѕвезди Кристијано Роналдо и Лионел Меси и да излезе во фокусот на јавноста.

И додека сите се воодушевуваат од леснотијата со која дава голови и фактот дека може сезонава да голгетерски да биде подобар од Меси и Роналдо, да освои две „златни копачки“ - во Англија и во Европа, еден негов спонзор посебно го „пцуе“ затоа што загуби многу милиони евра.

Станува збор за телекомуникацискиот гигант „Водафон“, која се одлучи за секој гол на Салах да даде 11 минути бесплатен разговор. И тој потег, компанијата ја чини 2,6 милиони евра од погодок. А, само во вторникот Салах со два гола за Ливерпул во полуфиналето во ЛШ против Рома (5-2) го остави „Водфон“ без пет милиони евра заработка.

Но, ако се пресметка дека Салах сезонава даде 43 гола се доаѓа до бројката дека „Водафон“ поради неверојатната сезона останал покус за 111,8 милиони евра.

Веројатно во овој телекомуникациски гигант не верувале дека Салах може да има страшна сезона и дека до толку ќе биде голгетерски расположен.