Двајца дефанзивци на Манчестер јунајтед ќе паузираат до мај!

Манчестер јунајтед доживеа тежок удар во завршницата на сезоната, откако тренерот Ерик Тен Хаг дозна дека останал без двајца дефанзивци до крајот на април.

Лисандро Мартинез се повреди на тренинг и ќе мора да паузира еден месец, а исто така и Виктор Линделоф не е достапен пред мај.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека се очекува двајцата дефанзивци да се вратат пред крајот на сезоната.