Два европски гиганти испратиле понуда за Обамејанг

Пјер-Емерик Обамејанг нема иднина во дресот на Арсенал, откако беше суспендиран пред два месеци поради недисциплина. 

Менаџерот Микел Артета му ја одзема и капитенската лента, откако Габонецот задоцни на тренинг поради тоа што без дозвола заминал во странство за да се тетовира.

Тој е на трансфер листа, а „топчиите“ очекуваат тој да најде нов клуб до крајот на јануарскиот преоден рок со цел да заштедат на неговата огромна плата од 350.000 фунти неделно.

Засега официјално два клуба се заинтересирани за неговите услуги. Барселона и Јувентус испратиле понуди за позајмица на голгетерот, кој може да игра и како лево крило. Арсенал би сакал целосно да го продаде Обамејанг, но засега не се исклучува и можноста да биде позајмен.