
Дури и Анчелоти е задоволен што Чави ќе остане на клупата на Барселона!
Тој смета дека тоа е добра вест за фудбалот.
„Чави направи добра работа што реши да остане во Барселона. Тоа е најдобрата одлука за него. Добро го познава клубот, знае што треба. Мора да го почитуваме тоа што го промени мислењето, боже мој сите тоа го правиме, а такво нешто не е ниту забрането“, изјави Анчелоти.
Чави е поранешна играчка легенда на Барса за која одигра 505 меча во период од 17 години, додека на клупата на овој тим е од 2021 година.