Дортмунд со шест гола го разнесе Келн (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд славеше со убедливи 6-1 против Келн за скок до првата позиција во германската Бундеслига.

„Милионерите“ по само 36 минути стигнаа до предност од 4-0, откако во листата на стрелци се запишаа Гереро, Але, Ројс и Мален, по што Келн до крајот на првите 45 минути намали на 1-4.

Дортмунд продолжи да напаѓа и во вториот дел, па преку Але и Ројс стигна до триумф од 6-1 за нови три бода во Бундеслигата.

Со овие три бода, Дортмунд стигна до првата позиција и има 53 бода, односно еден повеќе од Баерн Минхен.