Доби „корпа“ од Барселона, па веднаш му се понуди на – Реал Мадрид!

Уругвајскиот интернационалец Едисон Кавани во моментов е слободен фудбалер, откако му заврши договорот со ПСЖ, но без разлика на неговиот огромен квалитет, има проблем да најде клуб каде што би ја продолжил кариерата.

Една од причините за тоа е големата плата што ја бара, поради што неодамна беше одбиен од Барселона, на која ѝ побарал двегодишен договор за осум милиони евра по сезона. Тоа било премногу за Каталонците, а најверојатно иста е причината поради што неуспешно му завршија преговорите и со Бенфика.

Кавани се поврзуваше и со трансфер во Атлетико Мадрид, но од тоа не излезе ништо, па преку менаџерскиот тим речил да си ја проба среќата со Реал Мадрид. Засега нема информација какви се размислувањата на „кралевите“, но по синоќешните 0-0 на гости кај Реал Сосиедад логично е да се помисли дека Зинедин Зидан ќе побара квалитетен напаѓач, особено што има личен проблем со Лука Јовиќ, кого не го става во игра.