Директорот на Јуве во Лондон дошол за да заврши спектакуларен трансфер?

Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи беше во Лондон, но не само по Маурицио Сари, како што се шпекулираше, туку тој го посакува Пол Погба, со кој се обидел да преговара.

Паратичи се сретнал со еден од водечките луѓе во Манчестер јунајтед, Ед Вудворд и двајцата разговарале за иднината на Французинот.

На состанокот не биле претставени понуди од страна на Паратичи, па се очекува да биде испратена понуда во наредните денови, иако претходно „ѓаволите“ одредија цена за Погба од неверојатни 120 милиони евра, па останува да видиме што ќе се случи.