Атмосфера за паметење, два поништени гола, црвен картон и без победник во Марсеј (ВИДЕО)

Атмосфера каква што ретко каде се гледа, со кореографија за паметење, погодоци што беа поништени, црвен картон и поделба на бодовите е епилогот од вечерашното големо дерби од француската Лига 1 помеѓу Марсеј и ПСЖ (0-0).

Домашните фудбалери во првото полувреме двапати ја затресоа мрежата, еднаш на сопствениот (Перес) и еднаш на противничкиот гол (Милик), но од ВАР-собата потврдија дека тие не биле регуларни. Потоа, не многу по стартот на второто полувреме, Хакими собори фудбалер на домаќинот кој иташе сам кон голманот Навас, поради што доби црвен картон.

 

 

Тоа ги ограничи налетите на големиот фаворит од Париз, кој на крај се задоволи и со бод, со оглед што ова е само втор меч во кој не победи во досегашните 11 кола од новата сезона.