„Дејли Мејл“: Манчестер јунајтед ќе му го раскине договорот на Роналдо
„Ѓаволите“ не се среќни поради изјавите на Роналдо, кој исто така кажа дека нема почит за тренерот Ерик Тен Хаг, па „Дејли Мејл“ објави дека тој би можел наскоро да остане без договорот.
Раководството на англискиот гигант сака на Суд да му го раскине договорот на Роналдо за да избегне исплата на 16 милиони фунти кои му припаѓаат на Португалецот.
Адвокатите на тимот веќе работат на случајот, па може да се случи Роналдо да замине уште во јануари од екипата од Манчестер, а како негова следна дестинација се споменува Челси.