Јунајтед конечно излезе со реакција за интервјуто на Роналдо и ги – изненади сите!

Со оглед што контроверзното интервју на Кристијано Роналдо за Пирс Морган, во кое фудбалерот го нападна тренерот на Манчестер Јунајтед, дел од легендите како и самиот клуб, речиси цела недела ги забавува спортските вљубеници во целиот свет, сите со нетрпение ја очекуваа реакцијата на клубот од „Олд Трафорд“.

Таа дојде денеска точно на пладне и со својата штурост ептен изненади.

„Манчестер Јунајтед утринава презеде соодветни чекори како одговор на неодамнешното интервју на Кристијано Роналдо. Повеќе нема да излегуваме со дополнителни коментари се додека не биде завршен целиот процес“, е штурото соопштение на „ѓаволите“:

Очекувањата се дека Португалецот повеќе никогаш нема да го облече дресот на Јунајтед и дека во јануари ќе си замине од клубот, но како, каде и со каква казна тоа засега никој не може официјално да го каже.