Де Лихт не отпатува со Ајакс во Австрија: Тој е на пат кон Торино

Ајакс денеска замина во Австрија каде треба да ја одработи втората фаза од подготовките пред почетокот на сезоната. 

Холандските медиуми пишуваат дека Матијс де Лихт не е со екипата, бидејќи наскоро тој треба да пристигне во Торино и да потпише со Јувентус. Младиот стопер ја одработи првата фаза од подготовките со Ајакс во Амстердам, но очигледно неговиот клуб и Јувентус ги договорија деталите околу трансферот.

„Старата дама“ ќе плати 70 милиони евра за 19-годишниот дефанзивец, кој во следните неколку дена ќе ја има и официјалната промоција во дресот на „бјанконерите“.