Давид Бабунски во Данди јунајтед до 2026!

Македонскиот интернационалец Давид Бабунски му се приклучи на Кристијан Трапановски во Данди јунајтед, откако потпиша двегодишен договор со шкотската екипа и во новата сезона ќе го носи дресот со број 10.

Бабунски остана без договор летово, откако минатата сезона ја помина во унгарскиот тим Мезоковешд, а тоа реши да го искористи Данди и да му понуди соработка.

Трапановски ќе добие сонародник во клубот со кој ќе се борат за повисок пласман во шкотското првенство, а со ова се зголеми и бројот на македонски фудбалер ви Шкотска, каде што веќе играат Бојан Миовски за Абердин и Давор Здравковски за Мадервил.