Човек да не поверува: Пеп во Сити купил 25 дефанзивци, потрошил богатство!

Maрк Гуехи ќе биде ново засилување за Манчестер сити во одбраната, а овој трансфер беше причина на Островот да се позанимаваат и со трошењето на Пеп Гвардиола на одбранбени фудбалери.

 Како што е познато, во јули годинава ќе поминат 10 години откако Гвардиола од Баерн Минхен пристигна во Манчестер сити, период во кој клубот освои сè што можеше да се освои, меѓутоа потроши и вистинско богатство.

За овие 10 години, Гвардиола во Сити донел дури 25 дефанзивци, а со последниот трансфер на Гуехи кој ќе изнесува 23 милиони евра вкупната сума што клубот ја потрошил за одбранбени играчи во тој период пораснала на неверојатни 1,6 милијарди евра.

Оваа бројка е значително поголема во споредба со останатите клубови од таканаречената „голема шесторка“ во Англија. За споредба, Арсенал во истиот период довел 19 дефанзивци, Челси 20, Тотнем 17, Манчестер јунајтед 15, а Ливерпул само 10..

Ќе потсетиме, откако Гвардиола пристигна во Манчестер сити, клубот освои шест титули во Премиер лигата, трофеј во Лигата на шампионите, два ФА купа, четири Лига купа, како и титулата на Светското клупско првенство.