
Чистката во Реал Мадрид ќе започне со Лука Модриќ!
Реал Мадрид не само што загуби од Арсенал, туку беше и понижен, наместо ремунтадата за која се зборуваше цела недела, кралскиот клуб доживеа пораз и на Бернабеу.
Тоа го вознемирило Перез кој е подготвен да прави радикални промени за следната недела.
Карло Анчелоти сигурно заминува, а прв фаворит за негов наследник е Чаби Алонсо, се шпекулира и со името на Јирген Клоп.
Што се однесува до играчкиот кадар, ќе се почне од Лука Модриќ на кого нема да му биде понуден нов договор, истото ќе се случи и со Лукас Васкез.
Ако до клубот пристигне соодветна понуда за Давиде Алаба, Ферланд Менди, Едуардо Камавинга и Орелиан Чуамни, Реал Мадрид е подготвен да ги продаде бидејќи не е задоволен од оваа четворка.
Се очекуваат понуди од Саудиска Арабија за Винисиус, Родриго и Ридигер, но клубот нема да ги продаде.
Сигурно засилување е Тренет Александер Арнолд, желби се и Дин Хујсен и Вилијам Салиба.
За средниот ред во бележникот се фудбалери како Родри од Манчестер Сити, Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и Алекс Мекалистер од Ливерпул.
Во нападот ќе има промени само доколку биде продадено некое звучно име, и доколку се реализира трансфер на Вини или Родриго, прва желба ќе биде Ерлинг Халанд.