Челси најави тужба против Баерн Минхен!

Лондонскиот премиерлигаш Челси најави тужба против германскиот великан Баерн Минхен, зашто Баварците се обидуваат на секој начин да го украдат големиот талент на „сините“, Калум Хадсон Одои.

Според информациите до кои дошле лондончани, Хадсон-Одои тајно преговарал со Баерн, па поради ова врбување од страна на германскиот гигант, Челси најавил тужба со која во големи проблеми може да се доведе гордоста на Баварија.

Претходно, Челси неколкупати го одбиле Баерн за Калум, па Германците тргнале по различни канали да го убедат фудбалерот да дојде во Минхен. Ако Челси ги докаже своите тврдења, Баерн Минхен ќе се најде на тапет кај ФИФА, која за вакви случаи најчесто казнува со забрана за трансфери во преодни рокови.

Инаку Калум Хадсон Одои има договор со Челси до крајот на оваа сезона.