Челси издвои 33 милиони евра за нов голман (ФОТО)

Екипата на Челси го договори голманот на Трабзонспор, Угурчан Чакир, пишуваат турските медиуми.

Според „Хабер“, Челси и Трабзонспор веќе се договориле за трансфер на 24-годишниот голман, а цената изнесува 33 милиони евра.

Чакир е одличен на голот на Трабзон оваа сезона. Тој се бранеше феноменално и привлече големо внимание кај неколку европски гиганти, а се чини дека сега доаѓа голем трансфер.

Се очекува, тој да биде резерва за Кепа Аризабалага, иако не е исклучено и можноста тој да го заземе местото на Шпанецот на голот на Челси, со оглед на тоа дека првиот голман на „сините“ важи за голем киксер.