Чаби Алонсо нема долго да остане во Баер - догодина се сели во Реал

Поранешниот шпански репрезентативец Чаби Алонсо испиша неколку рекорди оваа сезона со тимот на Баер Леверкузен, му ја донесе и првата титула во Бундеслигата, а потоа ги воодушеви сите со одлуката да остане уште една година во клубот.

Сепак, сите во Баер се свесни дека наскоро ќе мораат да почнат потрага по нов тренер бидејќи идното лето Алонсо речиси сигурно ќе си замине оттаму. За него последните месеци беа заинтересирани клубовите каде што настапуваше како играч - Ливерпул и Баерн, а сепак, ќе замине во друг колектив, каде исто така играше.

Станува збор за Реал Мадрид кој го очекува Алонсо идното лето кога многу веројатно ќе си замине Карло Анчелоти. Италијанецот е веќе три сезони на клупата на Реал, ќе работи и четврта, но Флорентино Перез наводно го обезбедил за идната година.