Лудница на „Виталити“: Борнмут во 95. минута го шокира Ливерпул (ВИДЕО)

Борнмут успеа да го шокира актуелниот шампион Ливерпул со 3-2 на стадионот „Виталити“ во 23. коло од Премиер лигата.

Борнмут тргна фуриозно во натпреварот и стрелаше преку Еванилсон и Алехандро Хименез за предност од 2-0, по што Ливерпул преку Вирџил Ван Дајк во завршницата погоди за 1-2.

Ливерпул го напаѓаше голот на Ѓорѓе Петровиќ во вториот дели конечно го проби патот до мрежата преку Доминик Собослаи во 80. минута.

Домаќините имаа уште три одлични шанси во продолжение за да ја вратат предноста, а една од нив искористија во 95. минута кога Амин Адли погоди по еден корнер на Борнмут.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/AFC Bournemouth