Бетис продолжува да импресионира во 2021 година (ВИДЕО)

Бетис со минимални 1-0 славеше на гостувањето кај Кадиз во рамки на 25.коло во Ла Лига. 

Победничкиот гол за тимот од Севилја беше дело на Хуанми во 84.минута од натпреварот. За „зелено-белите“ ова беше 20-ти бод од можните 27 во 2021 година. Момците на Мануел Пелегрини имаат шест победи на последните осум средби во Ла Лига. 

Бетис е шести на табелата со 39 бодови, Кадиз е 15-ти со 25 бодови.