Барса го одбила Флик, паднал на тестот за - нивниот клуб и Ла Лига!

Ханси Флик се посочуваше како еден од кандидатите за наследник на Чави на клупата на Барселона, но според каталонските медиуми, тој веќе не е во конкуренција.

„Мундо Депортиво“ тврди дека Барселона го елиминирале Флик од конкуренција поради неговото слабо познавање за клубот и Ла Лига.

Како прв кандидат сега се споменува поранешниот фудбалер на Барселона, Рафаел Маркез кој во моментов е тренер на Б тимот на Каталонците.