Барди: Навивам за Реал Мадрид, ама најдобар на светот е - Лео Меси!

Енис Барди полека, но сигурно се промовира како еден од најдобрите играчи на Леванте во неговата премиерна сезона во Ла Лига. 

Македонскиот репрезентативец во саботата го постигна својот втор гол во дресот на новиот клуб и тоа на градското дерби против Валенсија. По дуелот, тој даде интересна изјава за албанскиот канал „Суперспорт“.

„Меси е најдобриот фудбалер во светот“, рече Барди. „Го сакам Кристијано Роналдо и навивам за Реал Мадрид, но Меси е најдобриот. Тој својот талент го има добиено од Господ, додека Роналдо својот успех го има изградено со напорна работа“, додаде репрезентативецот.

Ретко кој навивач на Реал Мадрид ќе признае дека Лионел Меси е подобар фудбалер од Кристијано Роналдо, но ете Барди не ги гледа работите само од навивачки агол, туку и како професионален фудбалер.