Барди и Леванте го намачија Реал Мадрид (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, со својот Левантре претрпе минимален пораз на гостувањето во Мадрид, против тимот на Реал со 3-2.

Нашиот фудбалер влезе во игра во 56. минута при резултат 3-1, што впрочем веднаш се почувствува во играта на Леванте. Почнаа интензивно да напаѓаат, па следуваше и погодок во 76. минута, кога Малеро стрелаше за 3-2. Сепак, Реал успеа да го издржи притисокот и на крајот да дојде до очекуваната победа на домашен терен.

Инеку, францускиот напаѓач Карим Бензема е можеби најстандарден фудбалер на Реал Мадрид последните две сезони, а најдобро од сите го користи заминувањето на Кристијано Роналдо. Минатата беше најдобар стрелец во екипата и втор во Ла Лига, заедно со Суарес, а во оваа, веќе има четири гола и се наоѓа на челната позиција на најдобрите голгетери. Освен ова, денеска Карим Бензема се израмни со Хулио Салинас со 152 постигнати гола во шпанското првенството.

Со тоа дојде на 19. позиција на најдобрите стрелци во историјата на Ла Лига, но му требаат уште 43 за да влезе во топ-10. Кристијано Роналдо засега е далеку напред со двојно повеќе голови од Бензема, а за Меси не треба ни да се праби муабет.