Барди и дружината не издржаа: Валенсија со пресврт го победи Леванте (ВИДЕО)

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Енис Барди, нема по добро да го памети денешниот настап за Леванте против Валенсија, откако загубија на домашен терен со 4-2 иако имаа водство од 2-0.

Леванте поведе уште во 11. минута со голот на Роџер на кој му претходеше одлична асистенција на Барди, а потоа истиот играч зголеми на 2-0 во 20. минута. Сепак, Роџер во судиското продолжение од првото полувреме си постигна автогол со кој им даде крилја на гостите во вториот дел. Со два експресни погодоци на Кевин Гамеиро во 57. и 59. минута, „лилјаците“ успеаја да го свртат резултатот во своја корист, а печат на победата стави Феран Торес во 88. минута.

Сo оваа победа Валенсија е на седмото место со 26 бода, исто колку што имаат и Реал Сосиедад, Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид, додека Леванте е на средина на табелата со 20 бода.