Баерн со четири гола во второ полувреме ја декласираше Херта (ВИДЕО)

Баерн Минхен славеше убедливо со 4-0 против Херта во мечот од 18. коло во германскиот шампионат, па така го одржува чекорот зад лидерот Лајпциг.

По првото полувреме во кое мируваа мрежите, во вторите 45 минути имаше опсада на голот на Херта, а Баварците најпрво ја затресоа нивната мрежа преку Милер во 60. минута.

Веднаш потоа за само три минути стрелаа и Левандовски и Алкантара, кои зголемија на 3-0, па беше јасно дека Баварците ќе си заминат со три бода, а нивната победа ја потврди Перишиќ во 84. минута.

Лајпциг е првопласиран на табелата со 40 бодови, Баерн има 36, а во топ-4 се уште и Борусија Менхенгладбах со 35 и Дортмунд со 35 бода.