Баерн Минхен и ова лето повторно на „шопинг“ во Лајпциг

Минатиот преоден рок Баерн Минхен на Лајпциг му ги зема тренерот Џулијан Нагелсман, потоа стоперот Дајут Упамекано и фудбалерот од средниот ред Марсел Сабицер. 

Сега Баварците ќе се обидат да дојдат до уште еден важен фудбалер на ривалот, а тоа е Конрад Лајмер. Играчот за врска е топ трансфер-цел за Нагелсман ова лето за завцрстување на средниот ред покрај Рајан Гравенберх од Ајакс, кој денеска треба да ги заврши сите формалности и да потпише за Баерн.

Шампионот на Германија е подготвен да плати 20 милиони евра за австрискиот репрезентативец. Лајмер игра како последен играч за врска, а лани за „црвените бикови“ одигра вкупно 42 натпревари во сите конкуренции и постигна четири голови со четири асистенции.