Баерн ја забрани познатата прослава на Рибери (ФОТО)

Баерн Минхен, наводно, ја забранил познатата прослава на гол на францускиот фудбалер Франк Рибери.

Искусниот  играч имаше своја препознатлива прослава, а тоа очигледно не им се допаѓа на некои луѓе во Франција, Источна Европа и делови од Јужна Америка.

Овој знак бил навредлив за некои народи, а дури се претставува како напад на хомосексуалците, кои исто така го покажаа својот револт.

„Билд“ пишува дека на Рибери од клубот му било кажано да престане со ваквите прослави, а наводно добил закана дека ќе биде казнет, ако го направи истото повторно.